Şenhan Bolelli
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Најскапиот играч на Барселона, Усман Дембеле, поради повреда нема да може да игра до крајот на оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на Барселона денес соопшти дека повредата здобиена на мечот против Гетафе била од сериозна природа и дека ќе мора да отсуствува од теренот три до четири месеци.
Лекарите му дијагностицираа повреда на мускулот на задната тетива од левата нога, поради што наредната недела фудбалерот ќе биде подложен на оперативен зафат во Финска.
Францускиот 20-годишен фудбалер Дембеле, во Барселона дојде од Борусија Дортмунд и стана најскапиот трансфер на Барселона. Во новиот тим успеа да одигра само два меча до повредата.
За навивачите на Барселона денес пристигна и една добра вест, а тоа е дека турскиот интернационалец Арда Туран се опоравил од повредата и денес тренира со тимот.