Oktaj Omeragikj
14 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Денес и утре се играат натпреварите од 5. коло во УЕФА Лигата на нации, известува Агенција Анадолија (АА).
Во организација на УЕФА на 14 и 15 ноември се играат средбите од 5. коло на Лигата на нации. По историскиот успех со победата над Грузија и пласманот на ЕВРО 2020 следната година, репрезентацијата на Северна Македонија во недела на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Естонија.
Репрезентацијата на Северна Македонија со освоени 6 бода го дели првото место во втората група од Лигата Ц заедно со Грузија. Евентуалната победа над Естонија ќе ја зацврсти првата позиција на С. Македонија во групата.
Денес во рамките на 5. коло на Лигата на нации се среќаваат:
15:00 Сан Марино - Гибралтар
15:00 Малта - Андора
18:00 Летонија - Фарски Острови
18:00 Азербејџан - Црна Гора
18:00 Кипар - Луксембург
20:45 Португалија - Франција
20:45 Шведска - Хрватска
20:45 Германија - Украина
20:45 Швајцарија - Шпанија.
Недела (15 ноември) се среќаваат:
15:00 Македонија - Естонија
15:00 Словачка - Шкотска
18:00 Грузија - Ерменија
18:00 Бугарија - Финска
18:00 Белорусија - Литванија
18:00 Албанија - Казахстан
18:00 Холандија - Босна и Херцеговина
18:00 Велс - Ирска
18:00 Турција - Русија
20:45 Данска - Исланд
20:45 Унгарија - Србија
20:45 Молдавија - Грција
20:45 Романија - Норвешка
20:45 Словенија - Косово
20:45 Австрија - Северна Ирска
20:45 Чешка - Израел
20:45 Италија - Полска
20:45 Белгија - Англија.