Ekip
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во исклучително тешки услови поради силниот дожд на патеката во Истанбул, денешните квалификации најдобро ги извозе Ленс Строл од Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес. Строл со време од 1.47,765 приреди изненадување и стигна до пол-позицијата на стартот на утрешната трка за Големата награда на Турција во шампионатот во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од втората позиција ќе стартува Макс Верштапен од РБ Рејсинг Хонда, кој беше најдобар на сите три официјални тренинзи, но не и на квалификациите. Од Строл, кој најдобро се снајде на влажната патека со слаба видливост, Верштапен заостана 0,290 секунди. Третата пол-позиција е за Серџо Перез, клупскиот колега на Строл.
Луис Хамилтон и Валтери Ботас, возачите на Мерцедес кои се во водство во генералниот пласман на возачи во Формула 1, не се снајдоа најдобро во условите што владееја на патеката Интерсити Истанбул Парк. Хамилтон се наоѓа на шестото место пред утрешната трка, додека Ботас ќе стартува од 9. позиција.
Пред трката за Големата награда на Турција, Британецот Хамилтон со освоени 282 бода се наоѓа на врвот од табелата меѓу возачите на Формула 1, пред Ботас со 197 и Верштапен со 162 бода. Во поредокот на конструктори, Мерцедес убедливо води со 479 бода, пред второпласираниот РБ Рејсинг Хонда со 226 бода.