Hüseyin Eroğul
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот шеф на стручниот штаб на истанбулскиот фудбалски клуб Башакшехир, Абдула Авџи, од утре официјално ќе ја преземе клупата на градскиот ривал Бешикташ, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на Бешикташ соопшти дека турскиот стручњак Авџи утре ќе потпише тригодишен договор и ќе го преземе кормилото на клупата на „црно-белите“.
На церемонијата на потпишувањето на договорот на стадионот „Водафон парк“ ќе присуствува и претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман.
Поранешниот турски селектор Авџи во изминатите пет сезони не успеа да ја освои титулата шампион на Турција со Башакшехир, а во изминатите три сезони, трката ја губеше во последните натпревари од сезоната.