Ekipa
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ќе игра во финалето на Ролан Гарос против Австриецот Доминик Тим и се надева дека ќе стигне до својата 12. рекордна титула на Гренд слем турнирот во Париз, пишува Anadolu Agency (AA).
Надал во полуфиналето го декласираше швајцарскиот ас Роџер Федерер со 3:0 (по сетови 6:3, 6:4, 6:2) и во финалето се среќава со Тим, кој во дводневниот меч успеа да го совлада со 3:2 (по сетови 6:3, 3:6,7:5, 5:7, 7:5), светскиот рекет број еден, Србинот Новак Џоковиќ.
Вториот и четвртиот носител на турнирот, Надал и Тим, и минатата година играа во финалето на Ролан Гарос, а победник беше Шпанецот кој важи за „крал на земјените терени“.
Надал ќе се бори за освојување на 12. трофеј на Ролан Гарос, број на титули кои ниту на тенисерите ниту на тенисерките не им пошло од рака да ги освојат на некој од Гренд слем турнирите.
Од друга страна, осум години помладиот Тим ќе се бори за освојување на првиот трофеј во својата кариера на еден Гренд слем, а досегашните настапи и победата над Ѓоковиќ се показател дека напредувал во изминатиот период и со право е на чекор пред извонреден успех.
Тим во април го совлада Надал во полуфиналето на турнирот во Барселона и се надева дека ќе успее да го повтори тоа и денеска во Париз.