Abdulkadir Karakaya
27 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Фудбалерот Иван Перишиќ, кој настапува за репрезентацијата на Хрватска, позитивен е на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и нема да настапи против Шпанија во рамките на осминафиналето на Европското првенство во фудбал во 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде Хрватската фудбалска федерација се наведува дека 32-годишниот крилен напаѓач, кој е позитивен на Ковид-19, ќе остане во карантин 10 дена.
Перишиќ ќе го пропушти утрешниот натпревар против Шпанија од осминафиналето на ЕВРО 2020.
Перишиќ настапи за Хрватска на сите 3 натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 во групата Д и двапати ги затресе противничките мрежи.