Bekim Laci
20 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската екипа Шкендија од Тетово очекува победа во вториот натпревар против азербејџанската екипа Нефчи во рамките на второто квалификациско коло на Европската лига, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам дека ќе ја повториме добрата игра одиграна во Баку, Азербајџан, но овој пат со помош на можностите на наш терен. Шкендија е подготвена за реванш натпреварот“, беше изјавата на тренерот на „црвено-црните“, Бруно Акрапович, како и заменик-капитенот на тимот Ардијан Цуцули на денешната заедничка прес-конференција во Скопје, одржана пред натпреварот.
Босанскиот тренер кој ја води екипата на тетовчаните рече дека резултатот 0 : 0 од приот меч е поволен, изразувајќи оптимизам дека тимот ќе се пласира во третото квалификациско коло на најмасивното натпреварување на европскиот фудбaл.
„Морам да кажам дека на првиот состанок постигнавме резултат што е прифатлив за нас и ни овозможува повторно да играме нашата игра тактика. Се разбира, ќе дадеме сѐ од себе за го поставиме на терен фудбалот што постана вообичаен за нас, со кој имаме постигнато многу успех. Овде ништо нема смениме и ќе се стремиме колку што е можно побрзо да постигнеме добар резултат. Исто така, нема да му овозможиме на противникот многу простор и да нѐ загрози со контранапади“, рече Акраповиќ.
Одбранбениот фудбалер на Шкендија, Ардијан Цуцули, смета дека неговиот тим ги открил добрите и лошите страни на „азерите“ и изрази надеж дека утре ќе покаже квалитетен фудбал, кој овој пат ќе биде крунисан со победа.
„Овој реванш натпревар е многу различен од првиот предизвик. Сега ги откривме позитивните и негативните страни на противникот и сакаме да ја повториме добрата игра од првата средба во Азербејџан. Нефчи е многу добар тим, но се надеваме дека ќе постигнеме позитивен резултат и ќе ја поминеме оваа фаза, претставувајќи го вака нашиот тим на најдобар можен начин во Европа“, рече Цуцули.
Вториот натпревар во второто квалификациско коло од Лигата на Европа меѓу Шкендија и Нефчи ќе се одигра утре, во арената „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот.