АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да ја прифати нелегалната анексија на Крим, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи по состанокот со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој престојуваше во дводневна посета на земјата, Ердоган изјави дека продолжувањето на опстојувањето на сродниците на Крим, заштитата на нивниот идентитет и култура и зачувувањето на нивните основни права и слободи останува приоритет за Турција.
За време на разговорите, Ердоган исто така истакна дека Турција ќе продолжи да го поддржува суверенитетот на Украина, територијалниот интегритет, вклучувајќи го и Крим, како и политичкото единство.
„Турција не ја призна и нема да ја признае нелегалната анексија на Крим“, рече Ердоган.
Тој се осврна и на судирите во источна Украина, изразувајќи надеж дека судирите во Донбас ќе завршат што е можно поскоро.
„Веруваме дека овој проблем може да се реши мирно врз основа на меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина. Ние го поддржуваме процесот во Минск“, рече Ердоган по средбата со украинскиот претседател.
Тој укажа на важноста за заклучување на долгорочните преговори за слободна трговија меѓу двете земји. Ердоган потсети дека трговската размена помеѓу Турција и Украина во 2018 година изнесувала околу 4 милијарди долари, но дека новата цел е 10 милијарди долари.
„Од минатата година во нашата земја дојдоа 1,3 милион туристи“, рече Ердоган.
Според неговите зборови, тие разговарале и за соработката на полето на безбедноста и борбата против ФЕТО.
Запрашан за разговорите на воените делегации на Турција и Соединетите Американски Држави (САД), за формирањето на безбедноснаа зона во северна Сирија, кои завршија во Анкара, Ердоган рече дека имало тридневен преговарачки период.
„Овие преговори продолжија во навистина позитивна насока. Овие преговори ќе продолжат повторно, но сега е направен чекор. Јас нема да дадам датум, но сега е решено со Американците да се формира Центар за заеднички операции. Со формирањето на овој центар на операции, ќе започне процесот. Важно е да се направи чекор источно од Еуфрат, а тоа го работиме со Американците.“
Украинскиот претседател Владимир Зеленски, говорејќи за Крим, ја повика Русија да дејствува во согласност со меѓународните закони.
Тој нагласи дека Крим припаѓа на Украина, наведувајќи дека неговата земја и Русија ќе најдат заеднички пат кон повторно воспоставување мир и стабилност во регионот.
Зеленски ја оцени Турција како добар сосед, искрен пријател и важен стратешки партнер. Зеленски се заблагодари на Турција за непроменетата поддршка кога станува збор за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Во Украина во јули се одржаа предвремени парламентарни избори на кои победи партијата на украинскиот претседател.
Изборите не се одржаа на Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, но ниту во источна Украина, која е под контрола на проруските бунтовници.