Mutlu Demirtaştan
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалските клубови во светот, во летниот период 2017 година потрошија 4,71 милијарда долари за извршени трансфери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот подготвен од компјутерскиот систем на ФИФА за обработка на сите меѓународни фудбалски трансфери (TMS), во периодот од 1 јуни до 1 септември, на глобално ниво се направени 7.590 трансфери, за кои клубовите потрошиле 4,71 милијарда долари.
Оваа бројка се доближи до вкупната вредност на средства потрошени за трансфери во текот на минатата година, кои изнесуваа вкупно 4,79 милијарди долари.
Гледајќи од финансиски аспект, 21,2 отсто од сите трасфери се остварени во петте најголеми европски фудбалски лиги (Шпанија, Англија, Италија Германија, Франција), при што за овие трансфери се потрошени 77,9 отсто од средствата, од вкупните 4,71 милијарди долари.