Abdulkadir Karakaya
02 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши извлекувањето на групите од кошаркарскиот турнир на Олимпијадата Токио 2020, која поради пандемијата на коронавирусот е одложена за 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) објави дека во Домот на кошарката „Патрик Бауман“ во местото Миес во швајцарскиот дистрикт Нион, извлечени се групите од кошаркарскиот турнир на Олимпијадата Токио 2020.
Доколку турската кошаркарска репрезентација ги мине квалификациите што ќе се одржат во Канада, тогаш на Олимпијадата 2020 во Токио ќе биде дел од групата А, во која партиципираат САД, Иран и Франција.
Распоред на групите од олимпискиот турнир во кошарка Токио 2020:
- Мажи:
Група А: САД, Франција, Иран и екипата што ќе ги мине квалификациите во Канада
Група Б: Австралија, Нигерија, екипата што ќе ги мине квалификациите во Хрватска и екипата што ќе ги мине квалификациите во Србија
Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија и екипата што ќе ги мине квалификациите во Литванија.
- Жени:
Група А: Јужна Кореја, Србија, Канада, Шпанија
Група Б: Нигерија, Јапонија, Франција, САД
Група Ц: Австралија, Порторико, Кина, Белгија.