Seyit Aydoğan
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ТОРОНТО (АА) - Канадскиот спринтер Андре де Грас поради повредите кои ги здоби за време на тренинг, нема да настапи на Светското првентсво во атлетика кое започнува утре во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Атлетичарот на социјалната мрежа соопшти дека поради повредите на тренинг на почетокот од неделата, нема да настапи на првенството кое во Лондон ќе се одржува од 4. до 13. август.
Неговиот тренер Пол Дојл изјави дека спринтерот надвор од патеката би можел да помине меѓу четири и шест недели.
Селекторот на атлетската репрезентација на Канада, Гленрој Гилберт, изјави дека му е жал поради Андре.
„Знам дека сакаше да оствари добар пласман на Светското атлетско првенство, но повредите се дел од спортот, и искрено, овој тајминг е навистина лош за нас”, изјави Гилберт.
Канадскиот спринтер ветуваше многу по Олимписките игри одржани минатата година во Рио де Женеиро.
Минатиот месец изјави дека на Светското првенство во Лондон би можел да биде подобар од Усеин Болт.
Де Грас во Рио во категоријата на 200 метри освои сребрен медал, а на 100 метри и на 4x100 метри со штафета освои бронзен медал. Со тоа стана прв канадски спринтер на кого му појде од рака на една Олимпијада да освои три медали.