Doğa Kırmızıoğlu
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Кениската атлетичарка на долги патеки Перес Џепчирчир е новата светска рекордерка во полумаратон во женска конкуренција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и шестгодишната атлетичарка, која се натпреваруваше во категоријата полумаратон во женска конкуренција на атлетскиот шампионат што се одржа во паркот „Летна“ во Прага, главниот град на Чешка, го сруши светскиот рекорд со време од 1 час, 5 минути и 34 секунди.
Претходниот светски рекорд ѝ припаѓаше на атлетичарката од Етиопија, Нетсанет Гудета, која полумаратонот во женска конкуренција го истрча за 1 час, 6 минути и 11 секунди на шампионатот одржан во Валенсија, Шпанија, во 2018 година.
Перес Џепчирчир, исто така, го освои златниот медал на Светскиот полумаратон на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) во 2016 година.