Yusuf Özcan
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ПАРИЗ
Килијан Мбапе, фудбалската ѕвезда на Париз Сен Жермен (PSG), екипа на Првата француска фудбалска лига (Лига 1), истакна дека кон крајот на минатиот јули кажал дека сака да го напушти тимот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мбапе, кого шпанскиот тим Реал Мадрид сакаше да го трансферира во летниот преоден рок, во интервју за телевизискиот канал „РМЦ спорт“, што ќе биде објавено утре, рече дека во тој период не сакал да го продолжи договорот со Париз Сен Жермен.
Посочувајќи дека сака неговиот клуб од неговиот трансфер да добие надомест, 22-годишната фудбалска ѕвезда рече: „ПСЖ многу придонесе за мене. Отсекогаш сум бил среќен во 4-те години поминати овде и сè уште сум. На мојот клуб му реков (ако не сакаш да одам, ќе останам).“
Мбапе нагласи дека не ја отсликуваат вистината вестите дека ги одбил понудите на ПСЖ за продолжување на договорот и дека не сака да разговара со спортскиот директор Леонардо де Араужо.
Спротивно на обвинувањата, истакнувајќи дека рано му има кажано на ПСЖ дека сака да го напушти клубот, Мбапе рече: „Кон крајот на минатиот јули кажав дека сакам да го напуштам тимот.“
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо де Араужо, во август соопшти дека ја отфрлил понудата на Реал Мадрид од 160 милиони евра за трансфер на Мбапе.
Договорот на францускиот играч со ПСЖ истекува во јуни следната година.