Erkan Tiryaki
07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Косовскиот голгетер Ведат Муриќи го напушта Ризеспор и кариерата ќе ја продолжи во турскиот фудбалски великан Фенербахче, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата на истанбулскиот клуб денеска соопшти дека е постигнат договор, и дека 25-годишниот Муриќи во следните четири години ќе го носи дресот на Фенербахче.
„Во согласност со процедурите за трансфер пропишани од УЕФА, постигнат е договор со управата на Чајкур Ризеспор и со Муриќи лично“, соопшти управата на клубот.
Муриќи ќе биде подложен на лекарски преглед, по што ќе биде и официјално претставен како нов фудбалер на Фенербахче.
Репрезентативецот на Косово минатата сезона ги одигра сите 34 лигашки натпревари во дресот на екипата од Ризе и постигна 17 гола.
Муриќи е петтиот играч кој Фенербахче го донесе ова лето, а пред него во редовите на истанбулскиот великан дојдоа Мурат Саглам, Макс Крузе, Алахјар Сајадманеш и Емре Белозоглу.