Yunus Kaymaz
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа 8 натпревари од второто коло на УЕФА Лигата на шампиони, пишува Anadolu Agency (AA).
Во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа 8 натпревари од групите А, Б, Ц и Д.
Дерби-натпревар на вечерта беше средбата меѓу Тотенхем и гостинот од Германија, екипата на Баерн Минхен. Иако домаќините веќе во 12. минута од средбата поведоа со 1:0, дојде до невидена канонада на фудбалерите на Баерн Минхен, кои успеаја дури 7 пати да ја затресат мрежата на финалистот на Лигата на шампиони и да му нанесат тежок пораз од 2:7. Погодоците за Тотенхем ги постигнаа Сон Хеунг-мин во 12. минута и Хери Кејн од пенал во 61. минута од средбата.
Втората победа на Баерн Минхен во ЛШ му ја донесоа Џошуа Кимих во 15. минута, Роберт Левандовски во 45. и 87. минута и Серж Гнабри, кој постигна 4 погодоци во 53, 55, 83 и 88. минута од натпреварот.
Турскиот претставник Галатасарај на домашен терен го пречека фаворизираниот претставник на Франција, Париз Сен Жермен (ПСЖ). Гостите извојуваа победа од 0:1 со погодокот на Мауро во 52. минута од натпреварот.
Во групата Д, италијанскиот претставник во ЛШ, Јувентус, на домашен терен го пречека претставникот на Германија, Баер Леверкузен. Домаќините извојуваа убедлива победа од 3:0, а погодоците ги постигнаа Гонсало Игуаин во 17. минута, Федерико Бернардески во 61. минута и Кристијано Роналдо во 88. минута од средбата.
Шпанскиот претставник во УЕФА Лигата на шампиони, екипата на Реал Мадрид, во групата А му беше домаќин на белгискиот претставник Клуб Бриж. Бриж преку погодоците на Емануел Бонавентуре во 9. и 39. минута го затвори првото полувреме со предност од 0:2. Во второто полувреме Реал одигра поефикасно и со погодоците на Серхио Рамос во 55. минута и Касемиро во 85. минута од средбата, Реал Мадрид успеа да извлече бод на домашен терен.
Во групата Б, претставникот на Србија, Црвена звезда, на домашен терен го пречека гостинот од Грција, тимот на Олимпијакос. Гостите во 37. минута преку погодокот на Рубен Семедо поведоа со 0:1, што беше резултат со кој заврши првото полувреме. Во второто полувреме Црвена звезда успеа играта да ја сврти во своја корист и на крајот преку погодоците на Милош Вулиќ во 62. минута, Немања Милуновиќ во 87. и Ричмонд Боаки во 90+1 минута од средбата направи резултатски пресврт и извојува победа од 3:1.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Реал Мадрид - Клуб Бриж 2 : 2
Аталанта - Шахтјор Донецк 1 : 2
Галатасарај - ПСЖ 0 : 1
Тотенхем - Баерн Минхен 2 : 7
Црвена звезда - Олимпијакос 3 : 1
Манчестер сити - Динамо Загреб 2 : 0
Јувентус - Баер Леверкузен 3 : 0
Локомотив Москва - Атлетико Мадрид 0 : 2
Денес се среќаваат:
18:55 Славија Прага - Борусија Дортмунд
18:55 Генк - Наполи
21:00 Ливерпул - Салцбург
21:00 Лил - Челси
21:00 Зенит - Бенфика
21:00 Валенсија - Ајакс
21:00 Барселона - Интер Милан
21:00 Лајпциг - Лион