Bakir Tiro
23 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
МАДРИД (АА) - Лука Модриќ (33), капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, речиси сигурно ќе остане играч на Реал Мадрид до летото 2021 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако голем број шпански медиуми во текот на изминатите денови пишуваа дека би можел да го напушти стадионот „Сантјаго Бернабеу“, официјално, со најдобриот фудбалер на светот во 2018 година, челниците на Реал одлучија да го продолжат договорот до јуни 2021 година.
Според последните информации, со условите е задоволен и Модриќ и со параф на новиот договор ќе остане дел од тимот на тренерот Зинедин Зидан.
Хрватскиот репрезентативец во Реал дојде во август 2012 година од Тотенхем. Оттогаш за најтрофејниот европски клуб одигра 303 натпревари и беше еден од главните карики на тимот од Мадрид во освојувањето на голем број трофеи на меѓународната и шпанската фудбалска сцена.