Admir Fazlagic
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на репрезентацијата А на Северна Македонија, Игор Ангеловски, го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020 кои се играат на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија, пренесува Anadolu Agency (AA).
За двата меча против Полска и Австрија во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, Ангеловски ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Валекано), Дејан Илиев (Арсенал), Дамјан Шишковски (Ропс).
Одбрана: Стојан Ристовски (Спортинг Лисабон), Висар Муслиу (Шкендија), Егзон Белулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт), Дарко Велковски (Ријека), Кристијан Тошевски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлроа).
Среден ред: Енис Барди (Леванте), Аријан Адеми (Динамо Загреб), Бобан Николов (Мон Види), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед) Ферхан Хасани (Ал Раед), Елиф Елмас (Фенербахче), Кире Маркоски (Спартак Трнава), Марјан Радески (Шкендија).
Напад: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо), Крсте Велковски (Палермо), Дарко Чурлинов (Келн).
Официјалениот собир на македонската репрезентација е на 3 јуни.
Македонската репрезентација по две одиграни кола има четири освоени бода во групата Г во која се и Полска, Израел, Словенија, Австрија и Латвија.