Elvir Hocic
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
КАЗАБЛАНКА (АА) - Фудбалерите на Видад од Казабланка по вторпат во својата историја ја освоија титулата африкански шампиони, откако во финалниот двомеч на свој терен го совладаа египетскиот Ал Ахли, јавува Anadolu Agency (AA).
По минатонеделното реми 1:1 во египетскиот град Александрија, возвратниот натпревар од финалето на Лигата на африканските шампиони се одигра синоќа во Казабланка.
Одлучувачкиот гол за победата на мароканскиот тим во 69. минута го постигна Валид Ел Карти.
Мароканскиот тим Видад така дојде до втората титула на африкански шампион, а првата ја освои пред 25 години, кога во финалето на Африканскиот куп на шампиони го порази суданскиот тим Ал Хилал.
Африканското елитно клубско фудбалско натпреварување доживеа големи реформи во 1997 година, од кога се вика КАФ Лига на шампиони на Африка, а од тогаш и наградните фондови се поголеми.
Видад како шампион заработи 2,5 милиони американски долари, а со тоа осигура најмалку еден милион долари, бидејќи се пласираше на Светскиот куп на ФИФА кое на крајот од годината се одржува во Обединетите Арапски Емирати.