Dejan Maksimoviç
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Жозе Мурињо во средата беше именуван за нов менаџер на Тотенхем Хотспур, а во првото обраќање на јавноста истакна дека ќе настојува да не ги повторува грешките од претходниот период, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалецот на клупата на „петлите“ го наследи Маурисио Почетино, откако 11 месеци беше без работа по отказот во Манчестер Јунајтед. Тој нагласи дека тој период го искористил да ја анализира својата кариера.
„Сфатив дека направив грешки. Нема да ги направам истите грешки. Можеби ќе направам нови, но истите нема сигурно. Понизен сум, доволно понизен да ја анализирам својата кариера, не само последната година, туку еволуцијата, проблемите и решенијата. Не обвинувам, никој“, изјави Мурињо и додаде:
„Тоа беше прекрасна работа. Бев навистина детален со таа анализа. Паузата за мене беше многу позитивна. Тоа беше прво лето што не работев и почувствував мала загуба за време на тие претсезонски подготовки.“
Мурињо ќе го има дебито на клупата на лондонскиот клуб утре, во 13. коло од Премиер лигата, кога Тотенхем ќе гостува кај градскиот ривал Вест Хем Јунајтед. По 12 одиграни кола „петлите“ заземаат дури 14. позиција со 14 бодови, додека „чеканите“ се две места под нив со бод помалку. Средбата ќе се игра на Олимпискиот стадион во Лондон со почеток во 13:30 часот.