Ekip
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо се појави пред судот во Шпанија за да одговори на прашања поврзани со обвиненијата на Даночната управа, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанските обвинители го товарат актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед дека за 2011 и 2012 година не платил данок во износ од 3,3 милиони евра. Сумата за којашто се работи вклучува и приходи од лични права.
Мурињо беше тренер на Реал Мадрид во период од 2010 до 2013 година. Португалецот е најнова личност од светот на фудбалот што се товари за неплатен данок од страна на шпанските даночни власти. Минатата година Лионел Меси и неговиот татко беа прогласени за виновни по три точки од обвинението на даночните органи, за затајување на 4,1 милион евра од приходите остварени врз основа на лични права.
Кристијано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Хавијер Маскерано, Радамел Фалкао и Фабио Коентрао се некои од најпознатите фудбалери кои беа под истрага на шпанските даночни власти.