Fatih Erel
01 Јули 2022•Ажурирај: 02 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека на Светското првенство во фудбал во 2022 година што ќе се одржи во Катар, ќе се користи полуавтоматска офсајд технологија, технологија која ќе им помогне на судиите да носат побрзи и попрецизни одлуки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на ФИФА, новата технологија ќе користи 12 специјални камери поставени под покривот на стадионот со кои ќе се следи топката, а исто така, ќе се следи и секој играч на теренот од вкупно 29 точки.
Исто така, во топката што ќе се користи на натпреварите од Светското првенство ќе биде поставен сензор.
Овој сензор, кој ќе биде поставен во средината на топката, ќе испраќа податоци до надлежните кои ги обработуваат податоците. Тоа ќе овозможи многу прецизно да се открие точката на удирање на топката.
Со комбинирање на податоците за следење на екстремитетите на играчите и топката и со новата технологија ќе се обезбеди автоматски предупредувања за офсајд позиција до одговорните лица кои се наоѓаат во просторијата за видеооперација. А тие, потоа ќе го информираат теренскиот судија.
Потоа податоците ќе бидат претворени во 3Д-анимација со детали за положбата на екстремитетите на играчите.
Оваа 3Д-анимација, која ќе ги прикаже најдобрите перспективи за офсајд позицијата, ќе биде прикажана на огромните екрани на стадионот и исто така, во преносот во живо на телевизија за гледачите да се информираат што појасно.
Полуавтоматската офсајд технологија е тестирана на Арапскиот куп ФИФА 2021 и Светското клупско првенство ФИФА 2021.