Hüseyin Burak Demirer
05 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
ТОКИО (АА) - Победници на 16. издание на Токискиот маратон се Етиопјанецот Десо Гелмиса во машка конкуренција и Кенијката Розмари Ванџири во женска конкуренција, јавува Анадолу.
На 16. издание на маратонот во Токио, учествуваа околу 38.000 спортисти од многу држави.
Трката во јапонската престолнина во должина од 42,1 километар спаѓа меѓу шесте најпознати маратонски трки во светот, по трките во Бостон, Њујорк, Чикаго, Лондон и Берлин.
Првите три места во машка конкуренција отидоа кај спортистите од Етиопија. Десо Гелмиса беше прв со време од 2 часа 5 минути и 22 секунди. Втор беше Мухамед Еса, а третото место го освои Цегаје Гетачу Кебеде.
Розмари Ванџиру од Кенија го зеде првото место во женска конкуренција со време 2:16:28. Среброто го освои Етиопјанката Цехај Гемечу, додека бронзата нејзината сонародничка Ашете Бекере.