Yunus Kaymaz,Oktaj Omeragikj
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Според февруарското светско рангирање на фудбалските репрезентации објавено на веб-страницата на ФИФА, Белгија е на врвот, а зад неа се Бразил на второ и Франција на трето место, известува Агенција Анадолија (АА).
Репрезентацијата на Северна Македонија остана на истото место како и на листата објавена во декември, додека репрезентацијата на Турција со пад за две места, се најде на 39. место.
Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 31 март.
Распоред на првите 10 рангирани репрезентации на листата на ФИФА:
| Репрезентација | Поени | Измена |
| 1. | Белгија | 1.828,45 | - |
| 2. | Бразил | 1.823,42 | - |
| 3. | Франција | 1.786,15 | - |
| 4. | Аргентина | 1.766,99 | +1 |
| 5. | Англија | 1.755,52 | -1 |
| 6. | Италија | 1.740,77 | - |
| 7. | Шпанија | 1.704,75 | - |
| 8. | Португалија | 1.660,25 | - |
| 9. | Данска | 1.654,54 | - |
| 10. | Холандија | 1.653,73 | - |
Распоред на фудбалските репрезентации од регионот на новата ранг-листа на ФИФА:
| Репрезентација | Поени |
| 15. | Хрватска | 1620,74 |
| 25. | Србија | 1547,38 |
| 39. | Турција | 1472,72 |
| 55. | Грција | 1421,99 |
| 59. | Босна и Херцеговина | 1391,19 |
| 64. | Словенија | 1375,42 |
| 65. | Албанија | 1374,98 |
| 67. | Северна Македонија | 1358,24 |
| 71. | Бугарија | 1345,47 |
| 72. | Црна Гора | 1342,89 |
| 109. | Косово | 1163,05 |