Doğa Kırmızıoğlu
26 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
АНКАРА
Синоќа екипата на Бостон Селтикс го совлада тимот на Торонто Репторс со резултат 118:102, а во градското дерби Клиперс беше подобар од Лејкерс со 111:106, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 натпревари од американската Национална кошаркарска лига НБА. Бостон Селтикс го совлада актуелниот првак на НБА, Торонто Репторс, со резултат 121:109. Најпрецизни кај Селтикс беа Џејлен Браун со 30 поени, 6 скока и 4 асистенции, Кемна Волкер со 33 поени, 4 асистенции и 1 скок и Гордон Геjворд со 14 поени, 5 скока и 6 асистенции.
Кај Торонто Репторс најпрецизни беа Фред Ванвлит, кој постигна 27 поени, 4 скока и 6 асистенции, Крис Бушер имаше 24 поени, 6 скока и Кајл Лаури со постигнати 14 поени, 4 скока и 8 асистенции.
Филаделфија Севентисиксерс на домашен терен ја пречека екипата на Милвоки Бакс. Домаќините извојуваа победа од 121:109. Ова е трета последователна победа на Севентисиксерс, а најпрецизни кај домаќините со дабл-дабл учинок беа Џоел Ембид со 31 поен, 11 скока, Бен Симсонс со 15 поени, 14 асистенции и Ал Хорфорд со 11 поени и 10 скока. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз постигна 16 поени и имаше 3 украдени топки, 2 скока и една блокада.
Милвоки го претрпе својот петти пораз сезонава, но сѐ уште го има најдобриот учинок во лигата со 27 победи од 32 натпревари и се наоѓа на врвот во Источната конференција. Најпрецизни кај Бакс беа Крис Мидлтон со 31 поен, 8 скока, Јанис Антетокунпо со дабл-дабл од 18 поени, 14 скока и 7 асистенции, Џорџ Хил со 15 поени. Турскиот интернационалец Ерсан Илјасова на теренот помина 15 минути, остварувајќи учинок од 7 поени, 2 блокади и по една блокада и асистенција.
- Во дербито во Лос Анџелес, Клиперси подобри од Лејкерси
Во Западната конференција се одигра градското дерби меѓу Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс. Лејкерси како домаќини претрпеа пораз од Клиперс од 106:111.
Најдобра игра во редовите на Клиперси прикажаа Кавај Леонард со дабл-дабл учинок од 35 поени, 12 скока, Монтрезл Харел со 18 поени и Пол Џорџ со 17 поени.
Тимот на Лејкерс го претрпе својот четврти последователен пораз, но со скор од 24 победи и 7 порази сѐ уште е лидер во Западната конференција. Најпрецизни кај Лејкерси беа Кајл Кузма со 25 поени, Ентони Дејвис со 24 поени и Леброн Џејмс со дабл-дабл учинок од 23 поени, 10 асистенции и 9 скока.
Вечерва на програмата се 6 натпревари.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Торонто Репторс - Бостон Селтикс 102:118
Филаделфија Севентисиксерс - Милвоки Бакс 121:109
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокетс 116:104
Лос Анџелес Лејкерс - Лос Анџелес Клиперс 106:111
Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 100:112