Abdulkadir Karakaya,Oktaj Omeragikj
04 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) екипата на Филаделфија Севентисиксерс на домашен терен ја пречека Јута Џез, лидерот на Западната конференција. Натпреварот кој во нормалниот тек заврши нерешено, 118:118, во продолжението заврши со победа на домаќините над Јута со 131:123, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА. Филаделфија Севентисиксерс на домашен терен со 131:123 ја совлада Јута Џез.
Најпрецизен во редовите на Филаделфија беше Џоел Ембид со дабл-дабл од 40 поени, 19 скока, и беше најзаслужен за победата на домаќините. Свој придонес во победата на Севентисиксерс дадоа и Тобиас Херис со дабл-дабл од 22 поени, 10 скока, 2 асистенции, Бен Симонс со 17 поени, 6 асистенции, 4 скока, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз кој на теренот измина 12 минути, постигна 8 поени и 1 скок.
Во редовите на Јута Џез најпрецизни беа Донован Мичел со 33 поени, 8 скока, 6 асистенции и Бојан Богдановиќ со 18 поени, 5 скока.
- Ти-Џеј МекКонел се запиша во историјата на НБА
Индијана Пејсерс со 114:111 го совлада домаќинот Кливленд Кавалирс во кој настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман.
Во екипата на Пејсерс, Ти-Џеј МекКонел, успевајќи да украде 9 топки во првото полувреме, се запиша во историјата на НБА како кошаркар кој успеал да украде најмногу топки во едно полувреме. МекКонел во исто време стана 11. играч во НБА кој успеал да постигне трипл-дабл со украдени топки со 16 поени, 13 асистенции и 10 украдени топки. Најпрецизни кај Пејсерс беа Малколм Брогдон со 29 поени, 4 скока, 3 асистенции и Домантас Сабонис со 18 поени, 6 асистенции, 5 скока.
Во редовите на Кавалирс најпрецизни со постигнат дабл-дабл учинок беа Колин Секстон со 32 поени, 10 асистенции, 4 скока и Џерет Ален со 17 поени, 11 скока. Охриѓанецот Џеди Осман на теренот мина 12 минути, постигнувајќи 2 поени, 4 скока, 2 асистенции.
- Лејкерси загубија без Леброн
Сакраменто Кингс на домашен терен го пречека Лос Анџелес Лејкерс, актуелниот шампион на НБА. Домаќините извојуваа победа од 123:120.
Најзаслужни за победата на Кингс беа Бади Хилд со постигнати 29 поени, 6 скока, 6 асистенции, Деарон Фокс со 23 поени, 8 асистенции и Харисон Барнс со 20 поени, 6 асистенции, 3 скока.
Во редовите на Лејкерс најпрецизен беше Денис Шредер со постигнати 28 поени, 9 асистенции. Дабл-дабл учинок кај Лејкерс постигнаа Монтрезл Харел со 26 поени, 12 скока, 1 асистенција и Кајл Кузма со 25 поени, 13 скока, 3 асистенции.
Леброн Џејмс, поради повреда на скочниот зглоб, оваа сезона за првпат не настапи на еден натпревар.
Резултати:
Кливленд Кавалирс - Индијана Пејсерс 111:114
Филаделфија Севентисиксерс - Јута Џез 131:123
Торонто Репторс - Детроит Пистонс 105:129
Хјустон Рокетс - Бруклин Нетс 114:132
Минесота Тимберволвс - Шарлот Хорнетс 102:135
Орландо Меџик - Атланта Хоукс 112:115
Њу Орлеанс Пеликанс - Чикаго Булс 124:128
Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер 87:78
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Лејкерс 123:120
Портланд Треил Блејзерс - Голден Стејт Вориорс 108:106