Abdullah Tevge
05 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Милвоки Бакс, еден од најсилните тимови на НБА, на гостувањето кај Мемфис Гризлис успеа на 2 секунди пред крајот на натпреварот да постигне погодок и да победи со резултат 111:112, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 9 натпревари. Екипата на Бакс, третопласирана во Источната конференција, на натпреварот против Гризлис ги освои првата и четвртата четвртина, а Гризлис беа подобри во втората и третата. Бакс до победата дојде откако Џру Холидеј во последните секунди постигна погодок за победа од 111:112.
Кај Бакс најпрецизни играчи со дабл-дабл беа Јанис Антетокумпо со 26 поени, 11 скока, 8 асистенции и Крис Мидлтон со 22 поени, 20 скока, 4 асистенции. Покрај тоа, Џру Холидеј постигна 15 поени, 3 скока, 2 асистениции, а Пат Конотон постигна 15 поени, 9 скока, давајќи значаен придонес во победата на Бакс.
Кај Гризлис најпрецизен беше Џа Морант со 35 поени, 6 скока, 5 асистенции. Дилон Брукс постигна 23 поени, 7 скока, 4 асистенции, Јонас Валанчунас натпреварот го заврши со дабл-дабл од 13 поени, 12 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Бакс.
- Резултати
Бостон Селтикс - Торонто Рептилс 132:125
Вашингтон Визардс - Лос Анџелес Клиперс 119:117
Њујорк Никс - Детроит Пистонс 114:104
Мемфис Гризлис - Милвоки Бакс 111:112
Индијана Пејсерс - Денвер Нагетс 103:113
Њу Орлеанс Пеликанс - Мајами Хит 93:103
Сан Антониот Спарс - Оклахома Сити Тандерс 102:107
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 120:98
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс 123:119