Mutlu Demirtaştan
22 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс, актуелен шампион на НБА и минатогодишен првак на Западната конференција, како гостин со резултат 113:106 го совлада Милвоки Бакс, минатогодишниот првак на Источната конференција, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Во дуелот на двете екипи кои се меѓу кандидатите во борбата за шампионска титула, поуспешни беа Лејкерси, а Леброн Џејмс на својата екипа ѝ донесе победа против Бакс од 113:106, постигнувајќи скор од 34 поени, 8 асистенции и 6 скока.
Во Лос Анџелес Лејкерс, лидерот на Западната конференција, кој ја постигна својата 12. победа сезонава, свој придонес дадоа Кентевиус Колдвел-Поуп со постигнати 23 поени, 3 скока и Ентони Дејвис со 18 поени, 9 скока, 6 асистенции.
Екипата на Милвоки Бакс која минатата година имаше најдобар скор од 56 победи и 17 порази во редовниот дел од сезоната, оваа година загуби по шести пат. Најпрецизни во редовите на Бакс беа Јанис Антетокумпо со дабл-дабл учинок од 25 поени, 12 скока, 3 асистенции, Џру Холидеј постигна 22 поени, 7 асистенции, 5 скока и Крис Мидлтон 20 поени, 7 асистенции, 5 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Лејкерс.
- Седма последователна победа на Џез
Екипата на Јута Џез, второпласираната екипа во Западната конференција, на домашен терен ги совлада Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 129:118, постигнувајќи ја својата седма последователна победа, 11 сезонава.
Во редовите на Џез најпрецизни беа Донован Мичел со 36 поени, 7 скока, 5 асистенции, Мајк Конли со 20 поени, 6 асистенции, 2 скока и Џордан Кларксон со 19 поени, 3 скока.
Екипата на Пеликанс го претрпе својот седми пораз сезонава, а во нејзините редови најпрецизни беа Зион Вилиансон со 27 поени, 3 скока, 2 асистенции и Брендон Инграм со 23 поени, 2 асистенции, 1 скок.
- Никси ги совладаа Вориорс
Њујорк Никс како гостин го совлада Голден Стејт Вориорс со резултат 119:104.
Никс ја постигна својата трета последователна победа, осма сезонава, а најзаслужни за победата беа Ар Џеј Барет со 28 поени, 5 асистенции, 2 скока, Џулиус Ренд постигна дабл-дабл учинок од 16 поени, 17 скока, 9 асистенции, а Мичел Робинсон постигна 18 поени, 8 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Вориорс најефикасен играч на теренот беше Стефан Кари со 30 поени, 4 асистенции, 3 скока, Ендрју Вигинс натпреварот го заврши со скор од 17 поени, 9 скока, 2 асистенции, додека Џејмс Вајсмен постигна 15 поени, 8 скока и 2 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне седмиот пораз сезонава.