Sinan Doğan
22 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
БОГОТА
Јужноамериканската држава Еквадор ја погоди земјотрес со интензитет од 5,2 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот секретаријат за ублажување на ризици на Еквадор на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 16 километри од градот Гваја, сместен во северозападниот дел на земјата, на длабочина од 45 километри.
Претставниците на власта информираа дека во земјотресот нема човечки жртви, а не е причинета ниту материјална штета.
На 17 април 2016 година Еквадор беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,8 степени, во кој животот го загубија повеќе од 77 лица. Земјата се наоѓа во зоната на земјотреси наречена „Пацифички огнен прстен“ со интензивна сеизмичка активност.