Yunus Kaymaz
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Денвер Нагетс со резултат 128:117 ја совлада Јута Џез во натпреварите од американската Национална кошаркарска лига, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Во дуелот меѓу двете екипи што се наоѓаат на врвот од Западната конференција, Нагетс со 11 поени разлика, стави крај на серијата од 11 последователни победи на Јута.
Најголем придонес за победата на Нагетс даде Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок од 47 поени, 12 скока, 5 асистенции. Вил Бартон постигна 18 поени, 6 асистенции и 3 скока, додека Џамал Мареј постигна 16 поени, 5 асистенции и 4 скока.
Во редовите на Џез најпрецизен беше Бојан Богдановиќ со постигнати 29 поени, 4 скока и 2 асистенции. Донован Мичел постигна 13 поени, 3 асистенции и еден скок, а Џордан Кларксон постигна 13 поени, 3 скока и 2 асистенции.
- Визардс во последните 8 секунди постигна скор од 8:0 -
Екипата на Вашингтон Визардс, која ги загуби последните 4 натпревари, на средбата против Бруклин Нетс во последните 8 секунди постигна скор од 8:0 и извојува победа од 149:146.
Расел Вестбрук постигна дабл-дабл учинок од 41 поен, 10 скока и 8 асистенции, додека Бредли Бил прикажа перформанс од 37 поени, 6 скока и 4 асистенции, од кои 22 поени во последната четвртина.
Во редовите на Бруклин Нетс, Кевин Дурант постигна 37 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Кари Ирвинг постигна 26 поени, 8 асистенции и 4 скока. Џо Харис со 30 поени го постигна својот рекорд во кариерата.
- Трета последователна победа на Севентисиксерс -
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс како гостин ја совлада Индијана Пејсерс со резултат 119:110 и ја постигна својата трета последователна победа.
Во редовите на Севентисиксерс најдобар перформанс прикажа Тобијас Херис со 27 поени и 8 скока. Бен Симонс постигна 21 поен, 7 асистенции и 6 скока, додека Двајт Хауард оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 15 скока.
Во редовите на Пејсерс, најпрецизен беше Малколм Брогдон со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции. Домантас Сабонис постигна 21 поен, 8 скока и 3 асистенции, додека Арон Холидај постигна 17 поени, 3 скока и една асистенција.
- Кавалирс повторно загубија -
Минесота Тимберволвс на домашен терен ја совлада екипата на Кливленд Кавалирс со резултат од 109:104. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, на овој натпревар постигна 9 поени и една асистенција.
Кај домаќинот, Ентони Едвардс постигна 23 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека Малик Бизли постигна 23 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Во гостинската екипа Андре Друмонд постигна дабл-дабл учинок од 25 поени, 22 скока и 4 асистенции. Дариус Гарланд оствари перформанс од 17 поени, 5 асистенции и 2 скока, додека Колин Секстон постигна 16 поени, 2 скока и 2 асистенции.
- Резултати:
Њујорк Никс - Лос Анџелес Клиперс 115:129
Денвер Нагетс - Јута Џез 128:117
Индијана Пејсерс - Филаделфија Севентисиксерс 110:119
Торонто Репторс - Орландо Меџик 115:102
Вашингтон Визардс - Бруклин Нетс 149:146
Минесота Тимберволвс - Кливленд Кавалирс 109:104.