Abdulkadir Karakaya
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА
Во петтиот натпревар од полуфиналето на плејофот во Источната конференција екипата на Мајами Хит го совлада Милвоки Бакс со 103:94 и со 4:1 во серијата од четири победи стана првата екипа која избори пласман во финалето на оваа конференција, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на НБА. Екипата на Мајами Хит во петтиот натпревар во серијата од четири победи со 103:94 го совлада Милвоки Бакс, лидерот од редовниот тек на сезоната во Источната конференција во НБА.
Постигнувајќи ја својата четврта победа, Мајами се пласира во финалето на Источната конференција, за првпат по 2014 година.
Најпрецизни во редовите на Хит беа Џими Батлер и Горан Драгиќ со по 17 поени, додека Џеј Краудер постигна 16 поени.
Во редовите на Бакс, Крис Мидлтон постигна 23 поени, 7 скока, а Брук Лопез оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 14 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Лејкерси поведоа со 2:1
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во рамките на плејофот на Западната конференција синоќа го одигра третиот натпревар од полуфиналето против Хјустон Рокетс. Лејкерси извојуваа победа од 112:102 и поведоа со 2:1 во меѓусебните дуели во серијата од четири победи.
Во редовите на Лејкерси најмногу се истакнаа Леброн Џејмс со 36 поени, 7 скока, 5 асистенции и Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 26 поени и 15 скока.
Постигнувајќи ја својата 162. победа, Леброн го надмина Дерек Фишер и стана играч со најголем број победи во историјата на плејоф-натпреварите во НБА.
Во редовите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден постигна 33 поени, Расел Вестбрук - 30, додека Џеф Грин постигна 16 поени.