Doğa Kırmızıoğlu
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
АНКАРА
Во полуфиналето на плејофот од полуфиналето на Источната конференција во НБА, актуелниот шампион Торонто Репторс успеа да дојде до победа од 125:122 против Бостон Селтикс и го изедначи меѓусебниот скор на 3:3 во серијата од четири победи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шестиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција донесе големи возбудувања. Натпреварот кој во нормалниот тек заврши нерешено - 98:98, во своето прво продолжение повторно заврши без победник - 106:106. Во второто продолжение на средбата Репторси дојдоа до значајна победа од 125:122 и го изедначија меѓусебниот скор на 3:3 во серијата од четири победи. На тој начин, вториот финалист на Источната конференција ќе биде познат во последниот седми натпревар.
Најпрецизни во редовите на Репторси беа Кајл Лаури со 33 поени, 8 скока, 6 асистенции, Фред Ванвлит со 21 поен, 9 скока, 7 асистенции, Норман Пауел со 23 поени и Оџи Ануноби со дабл-дабл учинок од 13 поени и 13 скока.
Во редовите на Селтикс најдобар перформанс со постигнат трипл-дабл оствари Маркус Смарт од 23 поени, 11 скока и 10 асистенции. Дабл-дабл учинок постигнаа Џејлен Браун со 31 поен, 16 скока и Џејсон Татум со 29 поени, 14 скока и 9 асистенции, но тоа не беше доволно за да се совлада Торонто Репторс.
- Лос Анџелес Клиперес поведоа со 3:1 во серијата
Во полуфиналето на Западната конференција екипата на Лос Анџелес Клиперс, благодарение на добрата одбрана, го совлада Денвер Нагетс со резултат 96:85 и поведе со 3:1 во серијата од четири победи.
Во редовите на Клиперс најзаслужни за победата беа Кавај Леонард со дабл-дабл од 30 поени, 11 скока, 9 асистенции, Монтрезл Харел со 15 поени и Ивица Зубац со 11 поени и 9 скока.
Кај Нагетс Никола Јокиќ постигна дабл-дабл од 26 поени, 11 скока, Џамал Мареј - 18 поени, 7 асистенции и Мајкл Портер - 15 поени, но тоа не беше доволно за да се изненадат Клиперси.