Hüseyin Burak Demirer
16 Мај 2019•Ажурирај: 16 Мај 2019
АНКАРА
Екипата на Милвоки Бакс го победи Торонто Репторс со 108:100 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција во американската Национална кошаркарска лига НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Милвоки Бакс, кој имаше најдобар учинок во регуларниот тек на НБА, во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на домашен терен ја пречека екипата на Торонто Репторс. Домаќините извојуваа победа од 108:100 и поведоа со 1:0 во меѓусебните дуели до четири победи.
Во редовите на Бакс, тројца кошаркари постигнаа дабл-дабл. Тоа беа Брук Лопез кој постигна 29 поени, 11 скока и 4 блокади, Јанис Адетокунбо со 24 поени, 14 скока и 6 асистенции и Крис Мидлтон со дабл-дабл од 11 поени и 11 скока.
Во редовите на Репторс, најпрецизни беа Кавај Леонард со 31 поен и 9 скока, и Кајл Лаури со 30 поени и 8 скока.
Вечер на програмата е вториот натпревар меѓу Голден Стејт Вориорс и Портланд Треил Блејзерс од финалето на Западната конференција. Според шемата 2-2-1-1-1, домаќин и на овој натпревар е Вориорс.
Во раните утрински часови в сабота ќе се одигра вториот натпревар од финалето на Источната конференција меѓу Милвоки Бакс и Торонто Репторс.