Yunus Kaymaz
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
СКОПЈЕ
Руската тенисерка Марија Шарапова се откажа од настапот на Френч опен, поради проблемите со нејзиното рамо, јавува Anadolu Agency (AA).
Шарапова на Инстаграм објави дека нема да учествува на „Ролан Гарос“, на Гренд слем турнирот кој започнува на 26 мај.
„Понекогаш вистинските одлуки не се секогаш и најлесни“, напиша руската тенисерка, наведувајќи дека се откажува од турнирот.
Таа наведе дека добра вест е тоа што се вратила на терен и дека вежба и ја враќа силата во рамото.
„Навистина ми недостигаш, Париз, до наредната година“, напиша Шарапова.
Во кариерата освои пет гренд слем турнири, од кои двапати славеше на „Ролан Гарос“.