Yunus Kaymaz
20 Декември 2018•Ажурирај: 21 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Американската кошаркарска лига (НБА), Хјустон Рокетс на домашен терен ја совлада Вашингтон Визардс, со резултат од 136:118. На овој натпревар Хјустон Рокетс влезе во историјата како екипа која во еден натпревар постигна најмногу тројки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Програмата на НБА продолжи со 12 натпревари. Со победата над Вашингтон Визардс, Рокетс ја освои 16. победа оваа сезона и со постигнати 26 тројки го собори рекордот во НБА. Претходно рекордот го држеше Кливленд Кавалиерс со 25 тројки.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Џејмс Харден со 35 поени, по него следува Клинт Капела со 20 поени и 12 скока. П. Џ. Такер, со постигнатите 11 поени и 11 скока забележа дабл-дабл. Во екипата на Визардс, Бредли Бил натпреварот го заврши со постигнати 28 поени.
- 13-те поени на Џеди не беа доволни за Кавалиерс -
Екипата на Кливленд за која настапува охриѓанецот, инаку турски репрезентативец, Џеди Осман, на гостински терен загуби од Шарлот Хорнетс, со резултат од 110:99.
Џеди Осман постигна 13 поени, 2 скока и 2 асистенции, додека Јордан Кларксон постигна 20 поени.
Во домашната екипа Кемба Вокер постигна 30 поени, додека Џереми Ламб со 18 поени и 12 скока и Марвин Вилијамс со 18 поени и 10 скока забелажаа дабл-дабл.
Филаделфија Севентисиксерс на домашен терен ја совлада екипата на Њујорк Никс, со резултат од 131:109. Турскиот репрезентативец постигна 9 поени. Бен Симонс со постигнатите 13 поени, 11 скока и 10 асистенции забележа трипл-дабл, Џоел Ембид пак со 24 поени и 10 скока забележа дабл-дабл.
Во екипата на Њујорк Никс, Тим Хардавеј постигна 27, Кевин Кнокс 21 поен.
- Резултати:
Шарлот Хорнетс - Кливленд Кавалиерс 110:99
Орландо Магија - Сан Антонио Спарс 90:129
Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс 131:109
Бостон Селтикс - Феникс Санс 103:111
Торонто Рапторс - Индијана Пејсерс 99:96
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 93:96
Хјустон Рокетс - Вашингтон Визардс 136:118
Милвоки Бакс - Њу Орлеанс Пеликанс 123:115
Минесота Тимберволвес - Детроит Пистонс 123:129
Јута Џез - Голден Стејт Вориорс 108:103
Портланд Трал Блејзерс - Мемфис Гризли 99:92
Сакраменто Кингс - Оклахома Сити Тандер 113:132