Yunus Kaymaz
17 Јануари 2021•Ажурирај: 18 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Бруклин Нетс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) на домашен терен го совлада Орландо Меџик со резултат 122:115, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Олстар-ѕвездата Џејмс Харден постигна трипл-дабл од 32 поени, 12 скока и 14 асистенции на средбата против Меџик и е најзаслужен за победата на Нетс над Меџик со 7 разлика. Ова е трета последователна победа на Меџик, осма оваа сезона.
Харден, кој осум пати е избран за олстар и трипати беше најпрецизен играч во НБА (сезоните 2018/19/20), стана првиот играч во НБА кому му успеало да постигне трипл-дабл со повеќе од 30 поени во првиот настап за својот нов клуб.
Во исто време Харден е седмиот играч во историјата на НБА што во првиот настап за својот нов клуб постигнал трипл-дабл. Претходно тоа им успеало на Расел Вестбрук, Елфрид Пејтон, Луис Лојд, Џон Шумејт, Нејт Турмонд и Оскар Робертсон.
Кевин Дурант прикажа извонреден перформанс за Нетс и со 42 поени, 5 асистенции и 4 скока беше најпрецизниот играч на натпреварот. Џо Харис постигна 17 поени и 5 скока, а Џеф Грин го заврши натпреварот со 10 поени и 4 скока.
За Меџик, Никола Вучевиќ постигна дабл-дабл од 34 поени, 10 скока и 7 асистенции, а Теренс Рос имаше скор од 23 поени, 3 скока и 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од засилениот Нетс.
- Резултати:
Сан Антонио Спарс - Хјустон Рокетс 103:91
Бруклин Нетс - Орландо Меџик 122:115
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 116:113
Мемфис Гризлис - Филаделфија Севентисиксерс 106:104
Мајами Хит - Детроит Пистонс 100:120
Портланд Треил Блејзерс - Атланта Хоукс 112:106.