Dejan Maksimovic
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БАРСЕЛОНА (АА) - Од трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона ќе профитираат дури четири клуба во кои тој помина дел од својата кариера, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вредноста на трансферот на Пјаниќ е 60 милиони евра, а според прописите на Светската фудбалска федерација (ФИФА), пет отсто од секој трансфер оди на сметката на клубовите во кои одреден играч поминал дел од својата кариера. Клубовите ги добиваат парите како надомест за учеството во неговиот развој.
Така, од трансферот на Пјаниќ во Барселона најмногу ќе инкасира француски Мец во кој тој ја започна својата професионална кариера, а би требало да му припаднат 1,05 милиони евра од вкупно три, колку што им припаѓаат на неговите поранешни клубови. Следува Шифланж од Луксембург, клубот во кој Пјаниќ започна да игра фудбал и помина дел од младинската школа пред преминувањето во Мец, кој ќе добие 900.000 евра. Потоа Рома, што ќе инкасира 600.000, и на крајот Олимпик Лион, на кој ќе му припаднат 450.000 евра, наведуваат италијанските медиуми.