Oktaj Omeragik
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
СКОПЈЕ
Вчера репрезентацијата на Северна Македонија прикажа одлична игра и извојува победа над репрезентацијата на Словенија, која до вчера немаше пораз во групата Ц и е кандидат за првото место во групата, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера се одиграа 8 натпревари по групи на Европското одбојкарско првенство ЕУРО 2019. Домаќинот на групата Ц, репрезентацијата на Словенија, играше против Северна Македонија. Репрезентативците на Северна Македонија одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 0:2 во сетови. Во третиот сет Словенија успеа да го намали водството на 1:2, а репрезентативците на Северна Македонија, и покрај водството на Словенија во текот на целиот четврти сет и трите сет топки, успеа да го добие сетот за победа од 1:3.
Северна Македонија ѝ го нанесе првиот пораз на Словенија во групата Ц и во исто време си создаде шанси за пласман во осминафиналето. Решавачка средба за пласман на македонските репрезентативци во наредната фаза е дуелот меѓу Финска и Турција кој се игра вечер во 20:30 часот. Победата на Турција би значела и пласман на македонските репрезентативци во наредната фаза, а доколку победи Финска, тогаш би се одело на анализирање на севкупните резултати на двете репрезентации.
Резултати од вчера одиграните натпревари:
Словенија - С. Македонија 1:3
Грција - Португалија 1:3
Црна Гора - Полска 0:3
Австрија - Шпанија 2:3
Италија - Бугарија 3:1
Словачка - Белгија 0:3
Естонија - Холандија 1:3
Турција - Белорусија 3:1
Денеска и утре се играат последните натпревари по групи, по што ќе бидат познати репрезентациите што ќе се пласираат во осминафиналето.
Денеска се среќаваат:
14:00 Португалија - Романија
17:00 Украина - Естонија
17:30 Словенија - Русија
17:30 Германија - Словачка
20:00 Холандија - Чешка
20:30 Белгија - Србија
20:30 Финска - Турција
20:30 Франција - Италија
За утре, 19 септември, закажани се 4 средби:
17:00 Чешка - Црна Гора
17:30 Шпанија - Германија
20:00 Полска - Украина
20:30 Србија - Австрија