Erkan Tiryaki,Süha Gür
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 1 500 пливачи од 49 земји на светот учествуваа на овогодинешниот 28 Самсунг пливачка трка преку Босфорот, која ја организираше Комитетот за национална олимпијада на Турција (ТМОК), јавува Anadolu Agency (AA).
На пливачката тргка која започна од пристаништето Канлиџа во Азија, а заврши пред паркот Џемил Топузлу, на европската страна, учествуваа 1 541 спортисти, односно 1,178 мажи и 363 жени. Пливачите ја препливаа делницата долга 6,5 километри.
Во општиот пласман за мажи најдобар беше Омер Тара од Турција, кој трката ја заврши со време од 47 минути и 39 секунди. Второпласиран беше Димитар Виденов од Бугарија, а трет беше Арда Кип од Турција.
Во општиот пласман за жени, како и минатата и оваа година најдобра беше турската претставничка Нилај Еркал, која од Азија во Европа стигна за 52 минути и 38 секунди. Второ место и припадна на Дениз Ѓунгороглу, а трето Екинс Тезел, исто така од Турција.