Yunus Kaymaz
10 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот американски рагби играч Демариус Томас почина на 33-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тим Лупо од Полициската управа на градот Розвел во американската сојузна држава Џорџија, соопшти дека Томас бил пронајден мртов во својот дом, рече дека според првичните докази констатирано е дека смртта настанала како последица на здравствен проблем. „Нема причина да се мисли поинаку“, додаде Лупо.
Томас, играч на позицијата примач на топки, во текот на својата кариера настапуваше за Њујорк Џетс, Њу Ингланд Патриотс, Хјустон Тексас и Денвер Бронкос. Се пензионира во јуни оваа година.
Томас на 50. Шампионат во НФЛ со тимот на Денвер Бронкос го освои Супер Боул во 2016 година. Искусниот играч четирипати беше избран во ол-стар тимовите во професионалната лига на американскиот фудбал (НФЛ).