Bakir Tiro
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
НИОН
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес ќе ја повтори жрепката за осминафиналето на Лигата на шампиони, односно ја поништи првобитната жрепка поради процедуралната, како што истакнаа, „материјална грешка“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на извлекувањето на паровите денес од 12 часот се случила грешка и ливчето со Манчестер јунајтед два пати е извлечено. Прв пат против Виљареал, тимот со кој Јунајтед бил во групната фаза оваа сезона и со кој според правилата не може да се падне во осминафиналето. Значи, топчето со ливчето на кое пишуваше Манчестер јунајтед не смеело да биде во садот кога се барал противникот за Виљареал.
„По техничкиот проблем со софтверот на надворешниот провајдер на услуги што дава инструкции на официјалните лица за тоа кои тимови имаат право да играат меѓусебно, дојде до материјална грешка во жрепката на осминафиналето на Лигата на шампиони. Како резултат на тоа, извлекувањето е прогласено за неважечко и во целост ќе биде повторено во 15 часот“, соопштија од УЕФА.