Yunus Kaymaz
19 Октомври 2023•Ажурирај: 25 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се врати на тениската работа по излегувањето од затвор. Бекер е новиот тренер на Данецот Холгер Руне, јавува Анадолу.
Бекер потврди дека ќе работи со 20-годишниот дански тенисер, кој во моментов е шести на светската АТП листа.
„Холгер е груб дијамант што треба да се полира. Контактираме веќе подолг период. Сега има добра хармонија. Мојот распоред го дозволува тоа. Тој е многу одлучен тенисер на теренот“, рече Бекер.
Германецот излезе од затвор откако отслужи осум месеци казна од вкупно 30 на колку беше осуден поради прикривање имот и кредити.
Во периодот од 2013 до 2016 година Бекер му беше тренер и на Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери на сите времиња.
Оваа година Руне се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, но потоа влезе во лоша низа резултати и освои само една победа на девет одиграни средби.
На Бекер му е забранет влез во Велика Британија, а за периодот на кој ја договори соработката со Руне рекол дека тоа не зависи од договорот и дека тимот останува заедно сѐ додека има добри резултати, без разлика што пишува во договорот.