Selçuk Buğra Gökalp
26 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ГЛАЗГОВ (АА) - Многу навивачи на Селтик одлучија да не го послушаат апелот на управата на клубот и на стадионот донесоа знамиња на Палестина, на која уште еднаш ѝ дадоа голема поддршка во одбраната од Израел, јавува Анадолу.
Навивачите приредија и вистинска кореографија во боите на палестинското знаме пред синоќешниот натпревар од Лигата на шампиони на УЕФА против Атлетико Мадрид на „Селтик Парк“ во Глазгов.
Истиот перформанс го изведуваа на секој од натпреварите од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт на 7 октомври, на што се противи раководството на шкотскиот клуб.
„Го осудуваме прикажувањето на такви пораки на Селтик Парк. Селтик е фудбалски клуб, а не политичка организација. Една од нашите темелни вредности од самиот почеток е да се биде отворен за сите без разлика на раса, бојата на кожата, политиката или религијата. Поради тоа клубот секогаш јасно даваше до знаење дека политичките пораки и транспаренти не се добредојдени на Селтик Парк или на кој било натпревар во кој учествува Селтик“, порачаа од клубот.
Сепак, навивачката група „Зелена бригада“ не ги послуша овие апели и уште еднаш ѝ пружи поддршка на Палестина, со што ги освои симпатиите на многумина во светот.
Мечот меѓу Селтик и Атлетико Мадрид во рамките на групата „Е“ заврши нерешено 2:2.