Hüseyin Burak Demirer
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Третата трка во оваа сезона на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози во текот на викендот во Португалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката ќе се вози на Меѓународната патека „Алгарве“ во Портимао, долга 4,6 километри.
Квалификациите за трката од 66 круга ќе се одржат утре, а трката во недела, 2 мај.
Во пресрет на Големата награда на Португалија, Луис Хамилтон („Мерцедес“) и Макс Верстапен („Ред Бул-Хонда“) имаат по една победа.