Yunus Kaymaz
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 16. трка од овогодишното светско првенство во Формула 1, од првата стартна позиција на Големата награда на Јапонија ќе започне пилотот на Мерцедес, британецот Луис Хамилтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска на патеката Сузука, која го носи името на истоимениот град во Јапонија и е со дожина од 5.807 метри, пилотите на Формила 1 се бореа за полпозиција на утрешната Голема награда на Јапонија на која ќе треба да извозат 53 круга.
Трикратниот освојувач на титулата светски првак во Формула 1 и овогодишен лидер во ова натпреварување, Британецот Луис Хамилтон, пилот на Мерцедес денеска го извози најбрзиот круг со време 1 минута, 27 секунди и 319 иладити делови од секудата, и ја освои првата полпозиција за утрешната трка. 32. годишниот Хамилтон ја освои својата прва полпозиција на Сузука, 10 оваа сезона, а 71. во својата кариера.
Финецот Валтери Ботас, пилот на Мерцедес со време 1 минута, 27 секунди и 651 илјадинка од секундата се наоѓа на втората позиција. Возачот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел е трер со време 1 минута, 27 секунди и 791 илјадинка од секундата. Но Ботас, е казнет поради промената на менувачот и утрешната трка ќе ја започне од 5 места поназад.

Реултати на првите 10 пласирани пилоти од денешниот натпревар за полпозиција за утрешната трка на Големата награда на Јапонија која е закажана за 7:00 часот по средно европско време.
1. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.27.319
2. Валтери Ботас (Mercedes) 1.27.651
3. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.27.791
4. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer) 1.28.306
5. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer) 1.28.332
6. Кими Раиконен (Ferrari) 1.28.498
7. Естебан Окон (Force India) 1.29.111
8. Серхио Перес (Force India) 1.29.260
9. Фелипе Маса (Williams Mercedes) 1.29.480
10. Фернандо Алонсо (McLaren) 1.30.687