Hüseyin Burak Demirer
12 Август 2023•Ажурирај: 12 Август 2023
Клубот од француската Прва фудбалска лига (Ligue 1), Париз Сен-Жермен (ПСЖ), го потврди трансферот на Усман Дембеле, кој го носи дресот на шпанскиот клуб Барселона, пренесува Анадолу.
Според соопштението на клубот ПСЖ, со 26-годишниот француски фудбалер е потпишан 5-годишен договор.
Од друга страна, Барселона потврди дека трансферот чинел 50,4 милиони евра.
Инаку, Дембеле ја започна својата професионална кариера во Рен.
Тој во 2016 година беше трансфериран во Борусија Дортмунд, додека една година подоцна премина во Барселона.
Дембеле во дресот на Барселона одигра 185 натпревари и постигна 40 погодоци.