Dejan Maksimoviç
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја демантираше веста на шпанската национална телевизија TVE, дека за Бразилецот Нејмар на Париз Сен Жермен им понудиле 310 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
TVE ја објави веста вчера попладне, но не се чекаше долго за реакцијата од „кралскиот клуб“. Во вечерните часови беше објавен демант.
„Имајќи ја предвид веста што ја објави TVE за понудата упатена кон нашиот клуб ПСЖ за Нејмар, Реал Мадрид може да потврди дека тие информации се лажни и дека нема каква било понуда за ПСЖ или за играчот. Реал Мадрид е изненаден што шпанската јавна телевизија емитувала апсолутна лажна информација, без да контактираат никој од вклучените страни и да ја проверат веродостојноста на веста“, се соопштува од Реал.
Нејмар е најскап фудбалер на денешницата откако ПСЖ минатото лето ѝ плати на Барселона 222 милиони евра. Извонредниот напаѓач моментално е на Светското првенство со репрезентацијата на Бразил, за која досега има одиграно 89 натпревари и постигнато дури 57 голови.