Oktaj Omeragik
02 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
СКОПЈЕ
Синоќа се одиграа преостанатите 41 реванш-натпревар од 2. елиминациско коло во УЕФА Лига Европа. Турскиот клуб Јени Малатјаспор со победата на гости над Олимпија се пласираше во наредната фаза од квалификациите за Лига Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претставник Јени Малатјаспор со победата над Олимпија од 0 : 1 на гостински терен, благодарание на нерешено одиграниот прв натпревар, избори пласман во 3. елиминациска фаза од квалификациите на УЕФА Лига Европа. Победничкиот погодок за Јени Малатјаспор го постигна македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ во 77. минута од натпреварот. Во 3. елиминациска фаза, Јени Малатјаспор ќе игра против српскиот претставник Партизан.
Во вторникот Шкендија одигра нерешено 1 : 1 на гостинскиот терен на Дуделанж, но поради поразот на домашен терен не успеа да се пласира во натамошната фаза од натпреварувањето.
Резултати од синоќешните натпревари (болдирани се екипите што се пласираа во 3. елиминациска фаза на УЕФА Лига Европа):
Астана - Санта Колома 4 : 1
Ордабаси - Млада Болеслав 2 : 3
Каират - Хапоел Беер Шева 1 : 1
Виторул Констанца - Гент 2 : 1
Зорја - Будуќност 1 : 0
Куопип - Легија 0 : 0
Университатеа Крајова - Будимпешта Хонвед 0 : 0 (на пенали 3 : 1)
Хакен - АЗ Алкмаар 0 : 3
Рига - Пиаст Гливице 2 : 1 (гол во гости)
Левски - АЕК Ларнака 0 : 4
Дебрецен - Торино 1 : 4
АЕ Лимасол - Арис 0 : 1
КИ Клаксвик - Луцерн 0 : 1
Шериф - Партизани 1 : 1
Нефтчи - Арсенал Тула 3 : 0
Зрињски Мостар - Утрехт 2 : 1
Динамо Тбилиси - Галаба 3 : 0
ФК Лиепаја - Норчепинг 0 : 1
Макаби Хаифа - Стразбур 2 : 1
Јаблонец - Пјуник 0 : 0
Малме - Домжале 3 : 2
Атромитос - Дунајска Стреда 3 : 2
Аполон - Шамрок Роверс 3 : 1
Вадуз - Видеотон 2 : 0
Лудогорец - Валур 4 : 0
Брондби - Лехија 4 : 1
Прогрес - Ренџерс 0 : 0
Есбјерг - Шахтјор 0 : 0
Олимпија Љубљана - Јени Малатјаспор 0 : 1
Кзира Јунајтед - Вентспилс 2 : 2
СК Штурм Грац - Хаугесун 2 : 1
Стеауа - Алашкерт 2 : 3
Ајнтрахт Франкфурт - Флора Талин 2 : 1
Осијек - ЦСКА Софија 1 : 0 (на пенали 3 : 4)
Линфилд - ХБ Торшавн 1 : 0
Абердин - Чикура Сачхере 5 : 0
Спартак Трнава - Локомотив Пловдив 3 : 1 (гол во гости)
Виторија - Жанес Еш 4 : 0
Крусејдерс - Вулверхемптон 1 : 4
Партизан - Гап Конас Квај 3 : 0
Стјарнан Гардабае - Еспањол 1 : 3
Во 3. елиминациска фаза во УЕФА Лига Европа ќе се одиграат 18 средби. Еден натпревар е закажан на 6 август, еден на 7 август, додека преостанатите 16 натпревари се закажани за 8 август. Два реванш-натпревари ќе се одиграат на 13 август, еден ќе се одигра на 14, додека преостанатите реванш-средби се закажани за 15 август.