Can Erözden
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА (АА) - Бразилскиот одбранбен играч Дани Алвеш, кој во последните две сезони играше за Париз Сен Жермен, се врати во татковината, откако како слободен играч потпиша за фудбалскиот клуб Сао Паоло, пренесува Anadolu Agency (AA).
Клубот постираше видео на социјалните мрежи за добре дојде на капитенот на бразилската репрезентација Алвес (36).
„DaniEstáAqui (Дани е овде)“, напиша клубот на Твитер, потсетувајќи дека Алвес потпишал договор со клубот до декември 2022 година.
Пред Сао Паоло, Дани Алвеш играше за бразилскиот клуб Бахија, шпанските тимови Севиља и Барселона, италијанскиот клуб Јувентус, и францускиот Париз Сен Жермен.
Алвеш е еден од најодликуваните фудбалери со бројни локални и меѓународни титули.
Тој со Барселона освои шест трофеја од шпанската Ла Лига, еден во италијанската Серија А со Јувентус, и два од првата француска лига со Париз Сен Жермен, како и неговиот успех во три наврати во Лигата на шампиони на УЕФА.
Тој е неизоставен дел од бразилскиот национален тим, помагајќи во освојувањето на титулата на Копа Америка во 2007 и 2019 година.