Yunus Kaymaz
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, во Јувентус прима годишна плата која е поголема од вкупниот износ кој десет клуба на италијанската Серија А, заедно го издвојуваат за годишните плати на сите фудбалери, јавува Anadolu Agency (AA).
По неколку успешни сезони во Реал Мадрид, португалскиот ас Роналдо ова лето за отштета од 100 милиони евра премина во редовите на Јувентус.
Италијанските и светските медиуми за тој трансфер пишуваа како за најголемо зајакнување на тимот од Торино и генерално на Серијата А. По три лигашки натпревари, Роналдо не успеа да се запише во листата стрелци, а италијанските медиуми веќе поставуваат прашање за неговата заработка и колку е таа оправдана.
Роналдо со годишна плата од 31 милион евра е далеку најплатен играч во Италија.
Медиумите, исто така пишуваат дека Роналдо во Јувентус има поголема годишна плата од платите на сите фудбалери заедно кои играат во Атланта, Чиве, Емполи, Фросиноне, Геноа, Парма, Сасуоло, СПАЛ и Удинесе.
Минатата година Аргентинецот Гонзало Игуаин, како најплатен фудбалер во Италија, заработуваше 7,5 милиони евра. Со премин во Милан, Игуаин доби годишна плата од 9,5 милиони евра, но таа не е ни третина од платата која ја добива најплатениот Роналдо.