Abdullah Tevge
18 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) во ист ден 6 кошаркари успеаја да постигнат двоцифрени бројки во три статистички податоци, со што е урнат рекордот во НБА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА, а вечерта влезе во историјата на НБА како трипл-дабл ден на Лигата. Благодарение на перформансот што го прикажаа Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Бен Симонс, Домантас Сабонис, Никола Јокиќ и Дрејмонд Грин, вчерашната вечер ќе се запамети како вечер во НБА во која најголем број кошаркари успеале да постигнате висок статистички успех. Претходниот рекорд беше урнат во саботата, кога петмина кошаркари во натпреварите на НБА успеаја да постигнат трипл-дабл во една вечер.
Екипата на Бруклин Нетс како гостин успеа да ја совлада Индијана Пејсерс со 115:124. На овој натпревар по еден играч и од двата тима успеа да постигне трипл-дабл.
Во редовите на Нетс тоа беше Џејмс Харден со 40 поени, 15 асистенции, 10 скока, понесувајќи го својот тим до нова победа.
Кај Пејсерс, трипл-дабл постигна Домантас Сабосни со 18 поени, 11 асистенции, 11 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.
На натпреварот на кој Голден Стејт Вориорс го совлада Хјустон Рокетс со 108:94, Дрејмонд Грин постигна трипл-дабл од 16 поени, 12 скока, 10 асистенции и даде голем придонес во победата на својот тим.
На натпреварот на кој Денвер Нагетс на домашен терен со 129:104 го совлада Шарлот Хорнетс, Никола Јокиќ постигна трипл-дабл од 12 поени, 10 скока, 10 асистенции.
Трипл-даблот на Расел Вестбрук од 26 поени, 14 скока, 10 асистенции за Вашингтон Визардс не беше доволен за да се избегне поразот од Сакраменто Кингс од 119:121. И трипл-дабл перформансот на Бен Симонс од 13 поени, 12 асистенции, 10 скока, не го спречи поразот на Филаделфија Севентисиксерс од Милвоки Бакс од 105:109.
- Резултати:
Вашингтон Визардс - Сакраменто Кингс 119:121
Филаделфија Севентисиксерс - Милвоки Бакс 105:109
Индијана Пејсерс - Бруклин Нетс 115:124
Детроит Пистонс - Торонто Репторс 116:112
Чикаго Булс - Сан Антонио Спарс 99:106
Кливленд Кавалирс - Бостон Селтикс 117:110
Хјустон Рокетс - Голден Стејт Вориорс 94:108
Денвер Нагетс - Шарлот Хорнетс 129:104
Мемфис Гризлис - Мајами Хит 89:85
Далас Маверикс - Лос Анџелес Клиперс 105:89